Неодамна, корисник на Редит одлучи да открие кои се главните примери на здравиот разум со тоа што го постави прашањето „Кое е едно„ непишано правило“ што верувате дека секој треба да го знае и следи?

Прашањето доби илијадници одговори, и еве неколку од најдобрите.

  • Ако ти покажам слика на мојот телефон, не ги врти другите слики, само гледај.

 

  • Не гледајте гласни видеа на вашиот телефон во ресторан.

  • Ако некој носи слушалки, оставете го на мира!

 

  • Ако позајмите нешто, вратете го во иста состојба

 

  • Ако некој ве вози, треба да бидете подготвени пред да стигнат таму. Многу е безобразно да те чека додека ти прави услуга.

  • Џвакајте со затворена уста.

  • Не одете ненајавени на гости. Пред да посетите некого јавете се, пишете порака или на кој било начин известете го домаќинот дека ќе дојдете.

  • Не допирајте ги стомаците на бремените жени.

 

  • Носете дезодоранси ако сте надвор во јавност.

 

  • Не зборувајте гласно на телефон додека сте во јавен превоз.

  • Отстапете го своето место на бремена жена во автобус / воз (или на било кој што има потреба од тоа. Не зафаќајте две места затоа што сакате да ги кренете нозете / торбата горе).

 

  • Кога некој друг ја плаќа сметката, не треба да нарачувате нешто многу скапо.

 

  • Ако позајмите автомобил на пријатели, секогаш враќајте го со полн резервоар.

 

  • Никогаш не пијте го последното пиво ако не сте го купиле.