Лукот има моќни лековити својства , но овие луѓе не треба да го консумираат премногу често
Многумина веќе знаат за придобивките од лукот. Тој содржи многу витамини и минерали и неговото консумирање може да ви помогне да спречите разни болести.
Сепак, според лекарите постојат одредена група на луѓе да внимаваат при консмирање на лук и еве кои се тие:
1. Луѓе кои страдаат од заболување на црниот дроб
Многу луѓе консумират лук за да го забрзаат процесот на лекување на хепатитис, но иако лукот има ефикасни антибактериски и антивирусни својства, сепак некои од неговите соединенија може да го отежнат процесот на варење. При оваа здравствена состојба, прекумерената консумација на лук може да доведе до појава на чувство на гадење и да резултира со анемија.
2. Луѓето кои страдаат од дијареја
Лукот ги стимулира и активира цревата, така што при дијареја, консумирањето на лук само може дополнително да ги влоши работите.
3. Пациенти кои страдаат од очни заболувања
Луѓето кои страдаат од глаукома, конјунктивитис и други заболувања на очите треба да консумираат помалку лук во нивната дневна исхрана. Тоа се должи на фактот што прекумерената консумација на лукот може да доведе до влошување на видот при вакви здравствени состојби, како и до нарушување на функцијата на црниот дроб.