Мачорот Рамбо се соживува со името- се враќа дома по еден месец со повредено око од улични борби
Мачката по име Рамбо, која исчезна еден месец, беше вратена кај сопствениците, но неговото повредено око морало да се отстрани.
Рамбо, на возраст од четири години, беше посвоен во јуни од спасувачки центар, има навика да се бори со мачки и кучиња во соседството во Бонириг, Мидлотијан, и неизвесен апетит за лов на „подароци“ за сопствениците.
Сиво-белата мачка исчезна на крајот на Декември и ги загрижи сопствениците Аманда Брн и сопругот Стјуарт Макинтош кои закачувале постери низ околината, во надеж дека тоа ќе го донесе дома.
По еден месец Рамбо бил вратен дома од страна на служби за улични животни од кога бил прнајден како ја краде храната на друга домашна мачка. Но, едното око на Рамбо било повредено кога го вратиле и требало да се отстрани.
По операцијата како чин на разгалување, нему му беше дозволено да спие на креветот на сопствениците, некаде вообичаено не му е дозволено поради навиката да носи живи жаби во 3 часот наутро.
Конечно му беше отстранет пластичниот конус викендот по враќањето и тој се врати го стариот темперамент.
Аманда, која работи како организатор, рече дека парот, кој секогаш ги посвојува своите мачки од спасувачките центри, биле пресреќни што им го вратиле Рамбо.
Таа рече: „И двајцата имавме чувство дека тој не е мртов. Но, не можевме да поверуваме, помина толку долго и без никој да го види.