Магнезиумов коктел: По 7 дена од неговото консумирање, вашето тело ќе почувствува извонредни резултати
Магнезиумот се смета за еден од најважните и најкорисните микроелементи за нашето тело. Статистиките покажуваат дека половина и повеќе од населението во Европа страда од недостаток од токму овој елемент.
Затоа од исклучителна важност е да знаеме како да определиме дали имаме таков недостаток и како истиот може да се надополни.
За таа цел, за денес ви подготвивме цела статија за симптомите, кои ќе ви помогнат полесно да го идентификувате недостатокот од магнезум, како и рецепт како да подготвите моќен и вкусен магнезиумов коктел.
Симптоми на недостаток од магнезиум
За да определите дали вашиот организам страда од недостаток од магнезиум, потребно е да го набљудувате вашето тело. Недостатокот од овој елемент најчесто се манифестира преку следните симптоми:
- Чести главоболки, нарушена концентрација, мигрена
- Треперење на вратните мускули, лицето и рамената и мускулите по должина на ‘рбетниот столб
- Аритмија, болки во срцето, стомачни спазми, гадење и дијареја
- Грчеви низ целото тело, особено рацете
- Стегање на мускулите во рацете и нозете
- Висока чувствителност на звуци, надразнетост
- Нарушен сон и честа појава на несоница
Доколку сте забележале неколку од овие симптоми, тогаш постои добра причина да си направите лекарски преглед, за да го утврдите нивото на магнезиум во вашето тело.
Како да се справите со недостатокот од магнезиум во телото
Постојат неколку едноставни и корисни техники и правила, кои ќе ви помогнат да го избегнете непосакуваниот недостаток од овој елемент во вашиот организам.
Регулирајте ја вашата исхрана
Доколку не можете сосема да се откажете од кафе и алкохол, барем обидете се напитоците да ги консумирате во мали и умерени количини. Исто така намалете го внесот на слатките работи и газираните пијалоци.
Повеќе обратете внимание на консумирање храна која е богата со калциум и магнезиум, како што тоа се зелените зеленчуци, овошјата, јаткастите плодови и морската храна.
Како да го наполните телото со магнезиум
Покрај вообичаените препораки на лекарите за внесување таблети и сирупи, нивото на магнезиум во вашето тело може да го подобрите и со помош на вкусен домашно приготвен магнезиумов коктел, кој се подготвува од состојки богати со овој елемент.
За да го подготвите магнезиумовиот коктел, ќе ви бидат потребни:
- 300 гр свеж спанаќ
- 1 банана
- 1 супена лажица какао во прав
- 1 кафена лажица мед
- 100 мл овесно млеко
Начин на подготовка
Сите состојки ги ставате во блендер и потребно е истите да се преработат до мазна текстура. Овој моќен и превкусен коктел содржи 234 мг магнезиум, што е 60% од потребниот дневен внес.
Доколку пак не ви се допаѓа идејата за коктел и не сакате своето време да го трошите на подготвување на напитокот, откријте во продолжение, во кои производи колкава е застапеноста на магнезиумот, доколку претпочитате да ги консумирате состојките поединчно:
- 1 банана- 59 мг магнезиум
- 100 гр магдонос, спанаќ или зелена салата- 160 мг магнезиум
- 150 гр семки од тиква- 150 мг магнезиум
- 200 гр грав- 120 мг магнезиум
- 30 гр темно чоколадо- 65 мг магнезиум
- 200 гр авокадо- 37 мг магнезиум