Мајка го искористила своето породилно отсуство да патува низ светот заедно со сопругот и двете деца
35-годишната Вал Берндт од Берлин, работи типична канцелариска работа, па затоа возбудата била дупла кога разбрала дека е бремена со своето прво дете, а истовремено заедно со сопругот испланирале патување на југот од Франција, за време на породилното отсуство.
Во Март, 2016-та година, шест недели откако се родила нивната прва ќерка, парот ја започнал својата авантура, тргнувајќи кон Франција. Заедно ја прошетале Европа, а ја посетиле и Африка, Југоисточна Азија, Австралија и Нов Зеланд.
Сите патувања и посетени места, Вал ги документира преку нејзиниот Инстаграм профил.
Но, за време на посетата во Нов Зеланд, Вал дознала дека е бремена по втор пат, иако првично мислела дека вртоглавиците се како резулатат на кривите патишта низ кои малку потешко возилата поминувале.
По оваа вест, следна дестинацијата им бил Бали. Ова било вистински предизвик, со оглед на тоа дека Вал била повторно бремена и повторно поминувала низ симптомите кои не се толку лесни.
Во Август, 2017-та година парот и посака ‘добредојде’ на својата втора ќерка.
“Секогаш бев ориентирана само кон својата кариера, а и сопругот се занимавал со развој на интелектуалното поле и скоро па никогаш немале време за патување. Освен ако не се смета секојдневното патување до работа”, шеговито изјавила Вал.
Иако многумина не би се нафатиле на таков ризик и предизвикувачка авантура, Вал напротив, сите ги поттикнува да се обидат, бидејќи и покрај потешкотиите, ова било навистина едно големо, значајно и прекрасно искуство како за неа, така и за целото семејство.
Во продолжение, погледнете дел од нивните авантури: