Мајка им напишала на своите деца роденденски честитки за наредните 30 години, а еве и зошто
Причината зошто оваа мајка им напишала роденденски честитки на своите деца и истите да ги добиваат во наредните 30 години е прекрасна, но истовремено и срцепарателна.
На 44-годишната Џо Девере од Њукасл, во Декември 2015-та година и бил дијагностициран рак на дојката. Во Јули, минатата година и соопштиле дека ракот се проширил на нејзините бели дробови, црниот дроб и кичмата и притоа болест напредувала до самата крајна фаза, а на Џо не и преостанува многу време.
Докторите и дале прогноза дека и преостануваат уште 6 месеци живот.
Наместо да тагува, оваа мајка решила краткиот период што и останува да го искористи на најдобар можен начин. Џо веќе спремила илјадници честитки и подароци и истите нејзините деца ќе ги добиваат во следните 30 години.
Ова го направила се со цел нејзините три деца, 17-годишната Ерин, 11-годишниот Лиам и 9-годишната Лили, никогаш да не ја заборават својата мајка и да знаат дека таа, на еден многу посебен начин, секогаш ќе биде тука за нив, а честитките вечно ќе им го одржат сеќавањето на неа.
По смртта, старателството врз децата ќе го превземе нејзината најстара ќерка, која до тогаш ќе биде полнолетна. Со своите родители одамна не е во контакт, а со таткото на своите деца се развела пред неколку години.