Мајка има ретка „двојна бременост“ бидејќи зачна ќерка само три недели откако забремени со синот
Со нивнита неверојатно различна големина, тешко е да се поверува дека овие бебиња се близнаци.
Но тоа е затоа што тие се медицински чуда – откако се зачнати со разлика од три недели. Ова е неверојатно редок феномен познат како суперфетација, па затоа Ребека Робертс успеа да ја зачне Розали, додека веќе беше бремена со Ноа.
Само околу десетина вакви случаи се документирани ширум светот.
Госпоѓицата Робертс (39) се зачуди кога откри дека има близнаци бидејќи две претходни скенирања не покажаа никаков навестување за втор фетус.
Таа рече: „Јас дури и не знаев дека е можно повторно да зачнам додека сум бремена“.
Близнаците беа родени рано со царски рез во 33 недела, минатаиот Септември, поради проблем со папочната врвца на Розали.
Ноа тежеше 2 килограми, а неговата сестра само 1 килограм. Розали конечно беше пуштена дома од Троубриџ, Вилтшир, на Божиќ, два и пол месеци по нејзиниот брат брат близнак.
Ѓоспоѓицата Робертс, која работи фирма за детска облека,a има и ќерка Самер (14), направила тестови за да се исклучат хромозомски или генетски фактори како причина за чудната бременост.
На неа и на партнерот Рис Вивер (43) им е кажано лек за плодност што го земала можеби предизвикало ослободи јајце клетка додека е веќе бремена.