Мајка избегнува да го погледне партнерот во очи затоа што може да се онесвести ако погледне некој што го смета за привлечен
Мајка избегнува воспоставување контакт со очи со партнерот затоа што страда од ретко нарушување на мозокот што значи декаможе да колабира во секое време кога ќе види некого што го смета за привлечен.
Кирсти Браун (32) од Нортвич, Чешир, Англија, дијагностицирана е со катаплексија, ненадејна мускулна парализа, која може да биде предизвикана од какви било силни емоции, како што се лутина, смеа и страв.
Состојбата најчесто се поврзува со нарколепсија, нарушување на спиењето и нападите обично траат помалку од две минути.
Мајка на две деца е принудена да ја држи главата спуштена во јавност за да избегне да се повреди кога ќе и откажат колената.
Кирсти рече: „Тоа е толку непријатно. Бев еднаш на шопинг и видов некој што изгледаше добро и нозете ми стресоа и морав да се држам за мојот братучед за да не паднам“.
„Ако видам некој привлечен, нозете ми откажуваат, па затоа се обидувам да не се ставам во ситуации кога тоа може да се случи, или се обидувам да го спуштам погледот заради моја сопствена безбедност“.
Во просек, Кирсти има пет напади од катаплексија на ден, но може да има и до 50 на лош ден, што го отежнува напуштањето на куќата.
Таа рече: „Со оглед на тоа дека станува збор за нарушување на спиењето, а и кога спијам тоа не е длабок сон, па ако сум навистина уморна, имам повеќе напади од вообичаено“.
„Може да имам напад на врвот на скалилата ако се стрмни затоа што не сакам висини. Се обидувам да се преселам во нова куќа што нема скали“.
„Лутината и смеењето го активираат тоа и јас и моите сестри или се расправаме или се смееме затоа што тие се најсмешните луѓе што ги познавам“.
„Мислам дека тие знаат што прават понекогаш, ако знаат дека нема да се повредим, тогаш ќе ме насмеат“.
„Дури и ако само се смеам, може да имам напад. Се работи за каква било силна емоција или гласни звуци како свирка на автомобили или викање“.
Кирсти е родена со генот што предизвикува нарколепсија, но ситуацијата се влошила со повреда на главата кога имала девет години.
Таа рече: „Јас и некои пријатели фрлавме камења во дрво и еден ме удри по главата“.
„Кога имам напад, не чувствувам ништо низ моето тело, тоа е како да е прекинат краток спој од мозок до мускулот и јас едноставно губам контрола над моите нозе, но горната половина на моето тело навистина се чувствува силно“.