Мајка ја брани нејзината одлука да го носи своите мали деца на ЛОВ
Хедер вели дека тоа ги држи децата подалеку од мобилните телефони и им помага да ги ценат животните. Таа и нејзината пријателка Аманда, ги носат нејзините мали деца на лов на диви животни каде што сите заедно пукаат со пушки. Папи-14 години, Иса-12 и Армониа-9 години учат како да застрелаат елени, патки и гулаби. Двете пријателки работат за одделот за диви животни во Оклахома во САД и тие признаваат дека ловот е контроверзна тема, но инсистираат дека тоа не им штети на децата.
Хедер вели дека нејзиниот сопруг Хуан не е заинтеренсиран за ловот, но затоа нејзините деца уживаат во тоа. Таа изјавила дека откако ќе го убијат животното заедно со децата го чистат и таа им го покажува срцето и органите и смета дека на тој начин тие се едуцираат.
Аманда која е немажена вели дека ловот ги учи децата да бидат трпеливи, затоа што не секогаш успеваат да уловат нешто, а исто така таа тврди дека не ги приморуваат да пукаат со пушките туку тоа е само нивна одлука. Аманда исто така одела на лов со нејзиниот татко, уште кога имала само 3 години.
Тие велат дека децата таму спортуваат и уживаат во светот без технологијата. Кога се работи за безбедноста на децата во оваа околина двете жени се сигурни дека им ја обезбедуваат сета безбедност која им е потребна. Многу родители ја осудуваат оваа одлука и сметаат дека освен што постои опасност од физичка повреда, може да се наруши и психичкото здравје на децата, но Хедер и Аманда се упорни во својата одлука и почнале да снимаат документарец со кој планираат да ги охрабрат и останатите родители да ги носат нивните деца на лов.