Мајка која се здебелила 35 кг за време на првата бременост, ослабна двојно повеќе и сега го открива својот трик
Мајката на две деца, која се здебелила повеќе од 35 кг за време на нејзината прва бременост, сега открива како успешно се ослободи од 75 килограми, пред раѓањето на второто дете.
36-годишната Хајди Смит, од Мелбрун, вели дека за нејзината фигура и успешната приказна за ослободување на големиот број килограми е заслужна онлајн услуга која се состои од изработување на компјутерска 3Д мапа на телото, со чија помош станала здрава сето ова време.
Апликацијата позната како „mPort“ е апликација која на корисниците им овозможува специјална програма на вежби и исхрана, изработена според нив, која преку фитнес и нутриционистичката рутина им служи на луѓето како ефикасен водич во процесот на слабеење.
„Отсекогаш имав проблеми со тежината, уште кога бев 5 години. Моите најубави години, 20-те и 30-те исто така ги поминав со тежина од дури 120-30 килограми. А кога се роди мојата ќерка, достигнав до 164 килограми. Бев толку немотивирана, што престанав да се мерам, бидејќи се чувствував понижено“- вели Хајди.
На мајката претходно и било дијагностициран дијабетес, висок крвен притисок и дебелина од морбиден степен. По тие негативни здравствени резултати, Хајди се заколнала дека ќе го доведе своето тело во ред.
Најпрво започнала со здрави домашни пијалоци направено од свежо овошје и зеленчук и започнала да вежба поедноставни почетни вежби.
Пред да остане трудна со второто дете, Хајди станала поупорна во својата рутина.
„Сакав на мојата ќерка да и подарам братче или сестричка, но се плашев дека повторно ќе ја вратам старата тежина. Откако слушнав за услугата на мПорт и дека постои нивен уред во близина на мојот дом, отидов да го скенирам своето тело. Сметам дека тоа е одличен начин да знам кои вежби и која исхрана му е потребна на моето тело“- додава мајката.
Откако ги добила резултатите од направената мапа според нејзиното тело, набрзо Хајди започнала да ги исполнува и применува и добиените инструкции. По само 6 недели, мајката веќе можела да трчи, да вежба исто како отсекогаш тоа да го правела.
Сега таа изгледа неверојатно, а еве од што се состои нејзиното мени
- Појадок: Домашен напиток од банана, боровинки, понекогаш манго и протеин во прав
- Ужина: Мафин или домашен колач со овошје
- Ручек: Остаток од претходната вечера, може да биде парче месо, салата, тиквички, сирење
- Вечера: Зеленчукова супа
- Десерт: Пудинг без шеќер