„Мајка ми е вистински мајстор за мекици- Ем се меки, ем се топат во уста, а еве кои 3 состојки ги додава“
Зарем има нешто подобро во мрзеливото празнично утро од куп меки пржени мекици за појадок? Денес за вас имаме специјален рецепт, благодарение на кој мекиците ќе останат неверојатни меки и следниот ден.
Раскошните мекици на мама
Потребни состојки
- 2 јајца
- 250 гр кисело млеко
- 250 мл пресно млеко
- Прстофат шеќер
- Прстофат сол
- 1 кафена лажица сода бикарбона
- 25 гр свеж квасец
- 1 кафена лажица сув квасец
- 800 гр брашно
Начин на подготовка
Најпрво измешајте ја содата со киселото млеко и оставете ја така да отстои неколку минути. Пресејте го брашното на работната површина и направете вдлабнатина во неговата средина. Додадете ги сите состојките токму во средината и замесете меко, нелепливо тесто.
Преместете го тестото во голем сад, а истиот завиткајте го во памучна крпа и така оставете го тестото да отстои 1-2 часа. Загрејте масло во тавата и намачкајте ги и вашите раце со малку масло, притоа започнете да раскинувате поголеми парчиња од тестото и истите испржете ги.
Пријатен апетит!