„Мајка ми има 47 години, а изгледа подобро од моите другарки на 25. Единственото нешто кое го прави е нанесувањето од оваа маска на кожата“
По бројните идеи како да ја збогатите трпезата со богати и вкусни рецепти со тиквички, сега ви откриваме како да си подготвите маска за сува кожа со помош на овој прекрасен зеленчук.
Најпрво, добро е да знаете зошто тиквичката е неверојатно корисна
Таа содржи големо количество на витамини А, Ц и Е. Притоа во нејзиниот состав влегуваат и доста минерали, кои се исклучително корисни и лековити како за кожата, така и за целиот организам.
Чудесниот зеленчук се состои од 90% вода, која ја навлажнува и потхранува кожата.
Тиквикчките содржат и пектин, кој има затегнувачки ефект. За да се уверите во истиот, доволно е едноставно да насечете тиквичка и круговите да ги нанесете на вашата кожа.
Важно е да се оддаде чест и на природата и да се спомне колку е таа прекрасна. Тиквичките растат во текот на летниот период, токму тогаш кога на нашето тело најмногу му е потребна хидратацијата и потрхранувањето со вредни елементи.
Маска бр. 1
Потребни состојки
- 2 супени лажици ситно изрендани тивкички
- 1 жолчка
- 1 супена лажица пченично брашно
- 1 кафена лажица кисела павлака
- 1 кафена лажица мед
- 1 кафена лажица масло од праски
Начин на подготовка
Измешајте ги добро, сите состојки заедно. Претходно темелно исчистете го вашето лице и деколте. Потоа нанесете ја добиената маска, притоа избегнувајте контакт на истата со очите и областа околу нив. Оставете ја да отстои 20 минути, а потоа исплакнете и нанесете крема за лице.
Маска бр.2
Потребни состојки
- 2 супени лажици ситно изренадани тиквички
- 2 супени лажици овесно брашно
Начин на подготовка
Измешајте ги двете состојки заедно. Претходно исчистете ја кожата и нанесете ја добиената маска на деколтето, лицето и очите. Оставете да отстои 15 минути. Потоа исплакнете и нанесете крема за лице.
Овие едноставни, но истовремено неверојатно ефикасни маски ќе ви помогнат вашата кожа секогаш да биде свежа и затегната.