Жолчката е една од најпопуларните состојки во природната козметика, бидејќи совршено ја потхранува и навлажнува кожата. Пред да ја употребите истата, најпрво треба да го земете во предвид типот на вашата кожа.

Доколку имате сува кожа, кон оваа домашна смеса додадете кисела павлака и повеќе зејтин, а доколку имате мрсна кожа, додадете малку овесни снегулки и кисело млеко кон маската.

Домашна маска со чудесен подмладувачки ефект

Потребни состојки

  • 1 жолчка
  • 1 кафена лажица зејтин
  • 1 кафена лажица мед

Начин на подготовка

Одделете ја жолчката од белката и во мал сад, добро измешајте ја со останатите 2 состојки. Обидете се целосно да го растворите медот при мешањето.

Начин на употреба

Нанесете ја маската врз претходно исчистено лице и оставете ја да дејствува 15-20 минути, а потоа измијте ја со ладна вода. По нејзиното нанесување, употребете соодветна крема за лице.