Мајка му купи минијатурно прасе на синот кој е опседнат со Прасето Пепа
На едно дете опседнато со Прасето Пепа му се остварија соништата откако неговата мајка му купи вистинска минијатурна свиња за да му биде најдобриот пријател.
Хана Константин (19) од Манчестер, Англија, не можеше да одолее да не го купи миленичето откако ја виде љбовта на 13-месечниот Теди кон Прасето Пепа и колку тој уживаше покрај животните.
Минијатурната свиња, која уште се нарекува Пепа и споредлива со големина на куче со средна големина, Хана ја пронашла на Интернет откако објавила барање за свињи кои требало да бидат вдомени.
Популарниот цртан филм следи семејство на британски свињи и нивните секојдневни авантури и несреќи.
Супер обожавател на Прасето Пепа, Теди го гледал шоуто секој ден уште од кога имал осум месеци, но сега го гледа со неговиот нов пријател, кој секогаш го наоѓаат покрај него на софата додека тој се бори да ги задржи кикотите.
Хана рече: „Ако таа се жали или направи бучава, тој дури и почнува да ја копира, а потоа се смее“ .
„Таа е негова најдобра пријателка, особено по карантинот кога не треба да се гледате со никого, па затоа е многу убаво да ја имате покрај себе“ .
„Обично секогаш игра и се гали со Теди. Тој едноставно ја обожава“ .
Можеби ќе има доста време да ја обучи Пепа – микро свињите обично живеат до 18 години.
Петминутните цртани филмови се вртат околу Пепа, нејзиното семејство и пријатели. Другите ликови во шоуто, како нејзиниот брат Џорџ и Деди прасето станаа исто толку популарни.
Британскиот цртан филм, кој има шест сезони, започна во 2004 година и брзо стана хит кај британските деца и целиот свет.
Шоуто беше толку хит што еден тематски парк, посветен на Прасето Пепа, се отвори во 2011 година, што многу ги радува малите деца и нивните родители.