Мајка на 16 деца открива како со еден список успева да го организира големото семејство
Одгледувањето деца и улогата на родител е навистина една од најтешките и најсложени задачи со кои може некој да се соочи во животот. Одговорноста е преголема и за да се организира секојдневнието понекогаш е потребен талент. А еве како оваа мајка на дури 16 деца успева во тоа.
50-годишната Џени Бонел е мајка на 16 деца и големото семејство го организира со еден единствен список.
Нешто што започнало како само неколку реченици испишани на мал лист хартија, со текот на годините се трансформирало во официјален формален распоред на домашни задачи и обврски што го движат целото домаќинство.
Бонел системот го креирала кога имала само 7 деца, но и таа бројка била доволна да сфати дека едноставно мора децата и куќата да бидат системски организирани, за да полесно и поефективно функционира се во домот.
А сега, сите 16 деца знаат дека во домот на Бонел правило број 1 е: “Ако живееш таму, мора да ги извршуваш зададените задачи, а во случај да заборавиш која е твојата обврска, само треба да го погледнеш гигантскиот распоред закачен на ѕидот”
Со таткото Реј кој работи со полно работно време, сите 16-те деца, на возраст помеѓу 5 и 29 години: Џеси, Брук, Клер, Натали, Карл, Семјуел, Камерон, Сабрина, Тим, Брендон, Ив, Нејт, Рејчел, Ерик, Демијен и Кејтлин, знаат дека мора да помогнат во домот.
Нивната мајка Џени не работи, но сепак сама не може да се справува со сите 16, па затоа децата се тука самите да помогнат околу работите што ги засегнуваат и нив, ведаш штом наполнат 8 години. На 12 години веќе тие знаат да испечат и месо за вечера. А дел од обврските се дека сите мораат да си го наместат креветот, да си ги складираат алиштата и чевлите, да ги исчистат собите и сл.
Иако сега само 13 деца живеат во домот, бидејќи дел од останатите стапиле во брак или едноставно се иселиле, генијалниот список продолжува да живее на ѕидот и да го диктира организираниот начин на живот.
“Сеуште има многу луѓе во домот и затоа списокот се уште ни е потребен на сите, едноставно ни помага да избегнеме хаос секој ден”– вели Џени.
Истовремено шеговито додава: “Ако мајките ги извршуваа сите обврски, тогаш на никој немаше да му биде забавно, бидејќи мајката ќе се премори, а сите би добиле се на готовo.”
Нејзината парола е едноставна, односно ако живееш во домот, логично е да придонесуваш за истиот.
Родители, што мислите за нејзината идеја?