Мајка на 3 деца воодушевува споделувајќи фотографии од тоа како навистина изгледа телото по породувањето, без да ја сокрива опуштената кожа
Шери Грант од Јужен Велс, Австралија, пронајде нов и вистински начин како да го засака своето тело по раѓањето на нејзиното прво дете.
29-годишната мајка на три деца вели дека секогаш се чувствувала несигурно во однос на нејзиното тело, уште додека била мала.
Била често споредувана со останатите девојчиња, за разлика од кои била значително послаба и помала, при шт често добила совети дека мора да се здебели.
По раѓањето на својот прв син Вилијам во 2014-та година, мајката започнала многу повеќе да го цени своето тело и конечно вистински да го сака.
Набрзо по Вилијам, Шери ги родила и синовите, 3-годишниот Кејси и едногодишнот Кајл.
Инспирирана од љубовта кон своето тело, мајката отворила профил на социјалната мрежа Инстаграм и започнала да објавува непреработени фотографии т.е фотографи во нивниото природно издание, со надеж да ги инспирира и останатите мајки и да ги поттикне да ги прифатат своите несовршености.
„Никогаш претходно не го сакав своето тело. Постојано се чувствував дека не припаѓам на ниту едно место и дека морам да бидам нешто што не сум, само за да се вклопам. Мајчинството ми покажа нова непозната страна од мојот карактер, а тоа беше силата и храброста. Моето тело создаде три прекрасни деца, а следејќи го низ процесот како се менуваше, така научив да се сакам себеси и своето тело.“- вели храбрата мајка.
Шери со своите фотографии постојано ја воодушевува Интернет заедницата, а мајките се согласуваат дека токму поради нејзините објави, се чувствуваат неверојатно и полека ја стекнуваат самодовербата која им недостасувала.