Мајка на 4 деца објави видео и откри како навистина изгледа телото на жената 1 месец по породувањето
„Ова е тоа што не го гледате на социјалните мрежи!“- рече таа.
33-годишната Ана Строуд е мајка на 4 деца, од кои притоа сите се под 4-годишна возраст. Воедно, таа се занимава со фитнес и сега реши да сподели необработено видео кое во вистинско светло прикажува како навистина изгледа женското тело по само 1 месец по породувањето.
Ана, која доаѓа од Мелбурн, Австралија, изјави дека повеќето мајки се соочуваат со огромен притисок да се вратат назад на нивната првобитна тежина, па затоа често како резултат на тоа, тие споделуваат изменети фотографии на нивните профили на Инстаграм.
„Инстаграм е полн со „совршени“ фотографии кои ве тераат да мислите дека сите мајки се вратиле на нивната претходна тежина, освен вие, а тоа ве прави да се чувствувате бедно!“ – изјави Строуд.
Затоа сега гордата мајка, објави видео кое со брзина на светлината се прошири низ Интернетот и за многу кратко време, Ана доби 80.000 прегледи пропратени со илјадници коментари.
„Ова сум јас во аглите кои вообичаено не ги гледате од мене на Инстаграм.“- објаснува Ана во видеото и притоа додава дека иако се чувствува ранливо што го објави јавно, сепак сака да им даде поддршка на сите мајки, да се ослободат од притисокот.