Мајка на 7 деца, болна од рак во крајна фаза, го доби најсовршениот подарок за 30-от роденден
Кога била во 32-та бременост од неделата, мајката на 7 деца дознала дека боледува од рак.
Алиша Харисон, која страда од рак во агресивна форма, направила мастектомија за време на нејзината бременост, а истата пред неколку дена го прослави својот роденден опкружена со семејството, децата и пријателите.
Мајката, од јужен Велс мислела дека ќе оди на обична вечера со своето момче Метин Салих и нивниот најмал син Ајзек, кога наместо вечера го добила најголемото и најубавото изненадување во својот живот.
„На половина пат ја замолив да стави превез околу очите, а потоа влеговме во огромната сала, каде што нè чекаа нашите најблиски пријатели. А секој од нив носеше перика во различна боја, само за неа.“- изјави Метин.
Пред да стаса во предниот дел од просторијата каде ја чекале нејзините деца, Алиша полека, придружувана од своето момче, се движела низ салата, за сето тоа време носела превез на очите и не можела да види ништо.
Кога истиот го отстранила од очите, во тој момент Метин клекнал на едно колено и ја запроси љубовта на својот живот.
Алиша веднаш кажала „Да“, а по нејзиниот одговор, во салата одекнал гласниот аплауз на нивните најблиски.
Така мајката на 7 деца, чија болест е во завршна фаза, го доби совршениот подарок по повод нејзиниот роденден и спомен кој вечно ќе го памети.