Мајка открива бизарен проблем кој и се јавил по нејзината втора бременост
Повеќето мајки биле сведоци на промените на нивното тело во текот на бременоста. Оваа жена имала необично искуство по нејзината втора бременост.
Стефани Брус професионално се занимавала со трчање и била во одлична форма. По раѓањето на своето второ дете, таа била свесна дека ќе треба да се потруди многу повеќе за да си ја врати првобитната форма на телото. Посебно поради фактот што двете бремености и биле на временско растојание од 15 месеци.
Таа се соочила со проблем за кој вежбите и тренинзите не биле доволни за да се ослободи. Во пределот на стомакот и се појавила длабока празнина, точно на средината кај папокот. Оваа состојба, медицински третирана како диастазис ректи, е предизвикана од одвојувањето на стомачните мускули со цел да се направи доволно простор за да може ембрионот правилно да се развива.
Гордата мајка не се срами од својот изглед, напротив јавно говори за нејзината состојба со цел да придонесе на јавното мислење кај мајките кои се срамат од својот изглед по бременоста. Со почит кон неа, жените треба да се гордеат со својот изглег кој настапува по бременоста, иако можеби тој не е во согласност со општо прифатените стандарди. Тоа е само доказ за најубавата женска улога – мајчинството!