Мајка со ретка состојба на кожата стана модел и го воодушеви светот!
38- годишната Иомкои Џонсон, кога имала 25 години започнала да страда од ретка состојба на кожата, која ја направила да се чувствува несигурно. Но, денес таа научила да се сака себеси и стана модел кој е чиста инспирација!
Витилигото е состојба на кожата која се појавува која пигментните клетки умираат и предизвикуваат кожата да ја изгуби својата боја на тие места, одосно истата се избелува. Состојбата се смета за доста ретка и за неа не пости лек.
Иомкои првично мислела дека има рак, но подоцна и било кажано дека всушност има витилиго. А после долг период на малтретирање поради нејзиниот изглед и погрдните имиња што ги добивала како “крава”, “Далматинец”, вперувањата со прст и плашењето на децата да и се приближат, оваа мајка конечно се прифатила самата себе, научила да се сака и нејзината зголемена доверба и ја донела работата од соништата!
Во прилог погледнете ја инспиративната Иомкои Џонсон: