Ставањето дрога во пјачките е повеќе од само урбана легенда, бидејќи се` повеќе луѓе, особено младите жени, се жртви на дрогирање што ги става во ранливи и потенцијално опасни ситуации. Неодамнешното истражување на Американскиот центар за зависност покажа дека од 900 испитаници, 44% од мажите и 56% од жените рекле дека несвесно биле издрогирани затоа што некој им ставил дрога во пијачката.

Еден таков вознемирувачки инцидент се случи во Саутенд, Есекс, Англија каде 18-годишната Мили Таплин уживала со пријателите во ноќниот клуб наречен Му Му. Мили изјави: „Испив само неколку голтки, не многу затоа што пијалокот беше силен и не сакам силни пијалоци!“ Но, набрзо, многу се разболела и морала да биде однесена во болница.

Она што следело беше фатено на снимката на која се гледа како Мили трепери на болничкиот кревет со широко отворени очи и стегната вилица. Снимката првично ја сподели мајката на Мили на Фејсбук во обид да ги едуцира младите девојки. „Тоа беше највознемирувачката глетка што сум ја видела. Не сакаме некој друг да поминува низ тоа “, коментира мајката.

https://youtu.be/ZUJ7U97qu88

Инцидентот се случил кога Мили заминала во клуб за прв пат откако наполнила 18 години. ​​Мили рече дека човек и понудил лимонада со вотка во ноќниот клуб „Му Му“ во Саутенд, Есекс.

Но, по неколку голтки, на 18-годишната девојка и се слошило. „Испив неколку голтки од пијалок и отидов во областа за пушење. Кога вратив и се чувствував како да сум пиела премногу, а потоа излегов надвор “, рече таа.

Жртвата на дрогирање додаде дека цело време била свесна за својата околина. „Знаев дека се` што се случува. Можев да им одговорам на луѓето во мојата глава, но не можев прозборам. Беше навистина страшно “.

За среќа, нејзините пријатели навреме ја однеле во болница каде што останала колу три часа додека не помине дејството од дрогата, а следното утро Мили била пуштена да оди дома.