Мајка вели дека нејзиното бебе е копија на Дејвид Бекам, откако истото се роди со модерна фризура
Бебето го избра најдобриот начин да дојде на овој свет: Со стил и елеганција, а уште првиот ден веќе крши срца благодарение на идентичниот изглед како славниот фудбалер.
Малата Дејзи Еванс ги изненади своите родители, Шарлот Еванс и Луис Еванс, откако се роди со модерна фризура, поточно фризура која најмногу се носеше во 90-те, а беше хит по кој легендарниот Дејвид Бекам некое време беше препознатлив.
30-годишната мајка вели дека нејзината ќерка станала главна тема во болницата, а дури и бабицата која била вклучена во породилниот процес изјавила дека никогаш немала видено вакво нешто во нејзината кариера од долги 44 години.
Шарлот која е мајка уште на 3 деца, исто така била подеднакво изненадена, бидејќи ниту едно од останатите деца нема такви светли прамени во својата коса.
„Ја има косата на Дејвид Бекам. Мислам дека изгледа премногу слатко и премногу ми е интересно што изгледа како славниот фудбалер“- вели Шарлот.
За својата ќерка, Шарлот додава дека ја обожава и дека таа е нејзиниот мал Дејвид Бекам.