Овој рецепт освен што е вкусен е и многу здрав. Доколку мислевте дека слатките работи можат да бидат само штетни тогаш „Мајмунскиот путер“ ќе Ве предомисли. Вашите најмили ќе го обожаваат!

Состојки

  • 5 банани
  • 100 грама кокос (кокосово брашно)
  • 1 конзерва ананас и сок од конзервата
  • 100 грама кафеав шеќер
  • 1/2 лимон исцедена

Подготовка

Бананите се сечат на тркалца, а ананасот на парчиња, а потоа сите состојки се ставаат во длабок сад. Смесата се вари на тивок оган додека не се згусне. Додека смесата е врела се става во тегли, најчесто излегуваат 2 тегли во зависност од големината. Потоа варете ги теглите уште 10 минути. Вака подготвениот „мајмунски путер“ може да трае и до 1 година.