Македонци „полудеа“ по бесплатно патување во Италија, но денес оваа туристичка агенција им даде друга „агенда“
По повод своето прво отварање, македонската туристичка агенција Safe travel, објави дека доделува 5 дена бесплатно патување во прекрасната Италија, а денес ги соопшти победниците. Но, оваа агенција не е како останатите, а еве и зошто.
Овој месец, македонската туристичка агенција Safe Travel, објави дека доделува бесплатни 5 дена во романтичната Италија, во периодот од 31-ви Мај до 6-ти Јуни. Сè што беше потребно од потенцијалните учесници е да кликнат на дадениот линк од нивната Фејсбук објава.
Линкот од објавата ги насочуваше луѓето да го пополнат следниот формулар. Формуларот, за времетраењето на наградната игра, бараше од учесниците едноставно само да ги внесат своите лични податоци, како име и презиме, адреса на живеење и сл.
Пријавувањето траеше до вчера, т.е 10-ти Мај, a денес беа објавени победниците.
Но, на крајот од податоците, со црвена ѕвездичка беа означени „Правилата и условите“ Бидејќи заинтересираноста за бесплатното патување беше огромна, но не и заинтересираноста да се прочитаат правилата, генијалната кампања, за жал, на еден многу креативен начин успеа да докаже како лесно луѓето можат да станат жртви на трговија со луѓе.
Со поткрепа на Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта“, беше формирана Фејсбук страна на измислена туристичка агенција „Safe Travel“, која немаше никакви допирни точки со реална агенција, а бесплатното патување во Италија беше генијален план за да се докаже колку луѓето во Македонија се (не)едуцирани во поглед на давањето на своите лични податоци и колку лесно можат да станат жртви на опасната трговија со луѓе.
Поведени од рекламниот збор „Бесплатно“, повеќето луѓе без размислување ги дадоа своите лични податоци, без да ги прочитаат Правилата и условите, кои гласеа вака:
Денес, лажната туристичка агенција истакна и официјално соопштение, кое можете да го прочитате овде
Брилијантна кампања беше создадена со цел да се покрене свеста кај луѓето во Македонија за трговијата на луѓе.
Со иронично смислено име, „Safe travel“ кое во превод гласи „Безбедно патување“, Здружението Отворена Порта успеа во својата мисија, иако сигурно денес многумина се разочараа, сепак се надеваме дека лекцијата е научена!