Едно од наједноставните, а воедно и највкусните јадења на светот се тестенините. Главен шарм на италијанската кујна, речиси и да не постои некој што не ги обожава. Доколку сакате да пробате нов рецепт со вашите омилени тестенини, а тоа да не биде само со додавање на сос, тогаш вреди да го пробате следниот рецепт!

Мали ролати од макарони

Total Time1 hour
Course: Главно јадење
Cuisine: италијанска
Клучни зборови: макарони, пирошки, ролати, солен ролат, тестенини
Servings: 4

Ingredients

  • 250 гр макарони (или други тестенини по ваш избор)
  • 1 јајце
  • 30 гр изрендан кашкавал или сирење
  • 30 гр ситно исечена шунка
  • 3-4 супени лажици растително масло
  • 2 супени лажици сусам по желба
  • По вкус зачини

Instructions

  • Сварете ги тестенините, изладете ги, а потоа поставете ги во блендер. Додадете ги јајцето, зачините и половина од сусамот и добро измешајте ги сите состојките заедно.
  • Подгответе неколку тортиљи од добиената смеса и поставете ги изренданото сирење и шунката врз нив. Тоа ќе биде филот.
  • Свиткајте ги краевите и формирајте го ролатот, нешто слично како кога приготвувате кифлички. Одозгора нанесете го преостанатиот сусам.
  • Испржете ги формираните ролати на умерен оган.