Мали трикови со голем ефект! Откако ги користам при перењето, сè блеска и мириса чудесно
Кога сакаме да избелиме некое парче облека, најчесто се досетуваме за користење на белило. Но, производите кои содржат белило се токсични за околината, но притоа и ја оштетуваат облеката.
За таа цел, за денес ви откриваме неколку домашни трикови со кои ќе постигнете подеднаков блескав ефект, без притоа да морате да се справувате со негативни последици.
Домашни трикови за избелување
1. Завеси
Доколку сакате да ги избелите кујнските пердиња, на кои најчесто се наталожуваат маснотии и чад од готвењето, најефикасно би било да ги поставите во сад со врела вода. Притоа додадете 1 супена лажица сода бикарбона и оставете ги да отстојат така, додека водата да се излади. Потоа исперете ги на вообичаениот начин, а крајните резултати ќе бидат едноставно совршени.
2. Постелнина
Доколку сакате да ја избелите постелнината и прекривките, тоа може да го направите многу лесно, речиси на истиот начин како и завесите. Поставете ги во врела вода и притоа додадете малку водороден пероксид, на местата каде се наоѓаат дамките.
3. Облека
Доколку сакате да ги избелите вашите алишта, при нивното поставување во машината за перење, додадете врз истите раствор од 1 супена лажица сода бикарбона растворена во чаша вода. Може да додадете и сок од лимон, а потоа исперете ја облеката на вообилчаениот начин.