Малку мед, сенф и сода бикарбона и болката во зглобовите веднаш ќе престане- Следниот ден ќе се чувствувате како нови
Доколку имате чести и непријатни болки во зглобовите и поради истите не можете навечер да спиете или едноставно да се движите нормално во текот на денот, тогаш ви предлагаме едно чудесно природно решение.
Домашен лек за ефикасно и брзо ублажување на болката во зглобовите
Потребни состојки
- 2 супени лажици мед
- 1 кафена лажица сенф
- Половина кафена лажица морска сол
- 1 супена лажица сода бикарбона
Начин на подготовка
Измешајте 2 супени лажици мед со 1 супена лажица сода бикарбона. За нивното мешање, најдобро е да користите дрвена лажица, а потоа кон добиената смеса, додадете 1 кафена лажица сенф и повторно добро измешајте ги состојките.
На крај додадете половина кафена лажица морска сол и повторно измешајте, до добивање смеса како паста.
Начин на употреба
Нанесете го готовиот крем врз засегнатите делови на телото и покријте со најлонска ќеса, а со завој добро прицврстете ја истата. Оставете ја кремата да дејствува 2 часа. Може истата да ја нанесете пред спиење, а следното утро да исплакнете со топла вода.
Практикувајте го овој домашен третман 2 недели до добивање на посакуваните резултати.