Манекенка смета дека поради тоа што е „премногу привлечна“, не може да си најде партнер
Манекената тврди дека нејзиниот изглед е главниот виновик за љубовниот статус во кој подолго време се наоѓа.
Мајката на две деца (5 и 2 години), Џена Томпсон, која инаку се занимава со рекламирање костими за капење, се разделила од претходниот партнер пред 2 години и оттогаш тврди дека нејзиниот љубовен живот е вистинска катастрофа.
„Мислам дека фините момци се плашат од мене. Изгледа дека привлекувам мажи кои сакаат само едно нешто. Никој не сака ништо сериозно“- изјави Џена во емисијата во која гостуваше.
Манекенката тврди дека љубовните состаноци се најлошиот дел од барањето нов партнер.
„Еднаш бев на рандеву со еден другар на мојата пријателка. На крајот од вечерата испадна дека тој е полицецот кој претходно ми ја напиша казната за непрописно паркирање.“
Но, Џена се обвинува самата себе, причина? Изгледа премногу привлечно!
„Јас изгледам предобро, тоа е целата работа. Сите ми велат да се сменам барем малку, но тогаш тоа не би била вистинската јас, зарем не?“- додава манекенката.
По гостувањето во емисијата, манекенката предизвика лавина од исмејувачки коментари.
„Колку си контрадикторна, бараш вистинска и реална љубов, а од друга страна, цело време зборуваш колку си убава“- гласеше еден од коментарите.
Што мислите вие? Дали навистина нејзиниот изглед е главен виновник за сè?