Манекенката која тежи 150 кг, го покажа своето тело на плажа, покриено со многу тетоважи
Во последните неколку години, манекенките со облини го менуваат светот на модата, докажувајќи им на жените ширум светот дека треба да се сакаат самите себе и да го сакаат своето тело.
Најпопуларната манекенка од оваа категорија е 34-годишната Американка, Тес Холидеј, која тежи 150 килограми.
Таа постојано го свртува медиумското внимание кон себе, учествувајќи го разни модни кампањи, а овој пат сите погледи беа насочени кон неа, откако ја истакна својата фигура и самодоверба на плажа, дефилирајќи едноделен костим за капење со тропски шари.
При одмарањето и забавувањето на плажата, славната манекенка покрај фигурата, ги покажа и своите многубројни тетоважи.
Иако по објавувањето на фотографиите на Интернет, мислењата на корисниците беа поделени, Тес за себе вели дека преку својата моделска кариера сака да им ја врати самодовербата на многу жени ширум светот.