Маринирани пиперки со извонреден вкус- Нивната подготовка ќе ви одземе 10 минути, а ќе им се насладувате цела есен и зима
Иако на овие високи температури ретко кој размислува за есенскиот и зимски период кој следува, сепак не заборавајте да ги искористите сезонските зеленчуци, за да си приготвите вкусни деликатеси на кои подоцна ќе им се насладувате.
Во продолжение прочитајте како да си приготивите токму еден таков зимски деликатес, а станува збор за маринирани пиперки со уникатен и извонреден вкус!
Потребни состојки
- 3 кг пиперки
- 1 л оцет + 500 мл вода
- 100 мл масло за готвење
- 500 г шеќер
- Сол
- 2 копар и магдонос
- Бибер
- 7 ловорови листа
- Лук
Начин на подготовка
Потребно е пиперките претходно да бидат испечени, а сите останати состојки измешајте ги заедно во еден сад.
Испечените пиперки се потопуваат во добиената маринада и се оставаат така да отстојат 24 часа. По изминатиот временски период, пиперките се складираат во чисти тегли и истите се поставуваат во загреана рерна, да се стерилизираат 10 минути.