Мартин имаше врска со друга жена, а неговата сопруга веднаш смисли генијална одмазда, откако една вечер тој заспа со отворен лаптоп
Таа мислела дека семејниот живот со нејзиниот сопруг Мартин, тече како мед и млеко, сè до моментот кога тој добил унапредување на работата. Од тој момент сè се променило.
Откако добил унапредување, Мартин често започнал да оди на бизнис патувања. Компанијата во која тој работел, отворила своја гранка во Канада и тој бил назначен да ги следи и работите во тој дел од организацијата. Неговата сопруга знаела дека тоа ќе се одрази на нивниот брак, но сепак не сакала да го попречува својот партнер во следење на своите соништа и кариера, бидејќи и покрај тоа, таа многу го сакала.
Мартин пак, бил работохоличар и секогаш се трудел да заработи што е можно повеќе пари. Сопругата сметала дека и покрај неговата амбициозност, тие двајца ќе успеат да ги пребродат сите препреки благодарение на љубовта, но работите не биле толку едноставни.
Како одминувало времето, Мартин започнал да поминува сè повеќе време во канцеларија и ретко си доаѓал дома. Кога тоа се случувало, секојпат сопругата се обидувала да разговара за нивниот брак и како негативно им влијае новата ситуација. Но, тој пак го негирал сето тоа и најчесто кратко зборувал, велејќи дека е уморен од работата и веднаш одел на спиење.
Една вечер Мартин заспал пред својот лаптоп и притоа истиот го оставил отворен, а сопругата без да сака, на екранот ги забележала отворени пораките во кои пишувало: „Ми недостигаш многу! Врати се што побрзо!“. Сопругата нормално била збунета и додека тој спиел, започнала да пребарува подетално и нашла бројни пораки од тајната личност со која Мартин се допишувал.
Сфатила дека сопругот кој толку многу го сакала и со кого долго време била во брак, долго време си водел двоен живот во Канада, каде го чекала љубовницата, со која дури го испланирал својот годишен одмор, а сите тие нови сознанија за сопругата биле како гром од ведро небо.
Повредената жена успеала некако да собере сили и да си ги среди мислите и одлучила дека нема веднаш да го соочи Мартин со доказите, туку дека ќе се преправа дека ништо не знае. Всушност, таа во умот веќе започнала да ја смислува генијалната одмазда.
Дошло ред Мартин повторно да оди на бизнис патување, а веднаш штом тој заминал, сопругата се јавила на агент за недвижнини и побарала под итно да го продаде нивниот имот. Бидејќи живееле во луксузна вила, веднаш се јавиле купувачи и зделката била успешно направена. Парите кои сопругата ги земала од продажбата ги префрлила на нова специјална сметка во банка, која гласела само на нејзино име.
Во меѓувреме таа продолжила да контактира со својот сопруг, глумејќи дека сè си е по старо и нема никакви проблеми.
Кога бизнис патувањето завршило и Мартин се вратил дома, сопругата не била таму. Наместо тоа во домот затекол непознати луѓе, кои му соопштиле дека куќата веќе не е негова.
Што се случило со изневерената сопруга? Таа започнала нов живот со парите од продажбата и заминала на луксузно крстарење околу светот со своите пријателки.