Маска од ладилникот која го враќа блескавиот изглед и енергијата на сувата и уморна кожа
Пилинг маските се тенденција број 1 веќе извесно време, кога станува збор за третманите за убавина. Затоа решивме да го споделиме најактуелниот и ефикасен рецепт со вас.
Доколку веќе подолго време забележувате дека кожата ви изгледа изморено и без сјај, тогаш ова е идеалната маска за вас. Најдоброто од сè е што се подготвува од состојки кои најверојатно веќе ги имате во вашата кујна, а исто така, подготовката ќе ви одземе буквално само неколку минути.
Домашна маска за обновување на сувата кожа без сјај
Потребни состојки
- 1 супена лажица кисело млеко (Може и кокосово)
- 2 супени лажици кокосов оцет (Може да го пронајдете во органските продавници)
- 4 супени лажици сок од портокал
*Од овие состојки пригответе ја течноста, која ќе ја употребите за правењето на маската- Ќе ви бидат потребни само 5 супени лажици
- 2 супени лажици желатин во прав
Начин на подготовка
Поставете ја течната смеса во чист сад, а потоа додадете го и желатинот во прав. Затоплете ја смесата, додека желатинот целосно не се раствори и кога доволно ќе се излади, нанесете ја маската на лицето, користејќи четка. Почекајте 10 минути да се исуши и да се зацврсти, а потоа внимателно отстранете ја, на принцип на лупење.
Бонус совет
Секогаш нанесувајте ја маската на чиста кожа и лице. Не ја нанесувајте смесата близу до очите, веѓите, линијата на косата или усните, бидејќи овие зони се повеќе чувствителни.
Истовремено, пред да ја нанесете маската на целото лице, тестирајте на мал дел од кожата, за да утврдите дали кожата лошо ќе реагира или не, при што така ќе знаете дали ризикувате од појава на алергии.