Маска за акни
Оваа маска е за сопствениците на мрсна и проблематична кожа: таа дава мат тен, ги чисти и затегнува порите.
Потребни состојки:
2 лажици брашно од овес
2 лажици мед
4 лажици јаболков оцет
Подготовка:
Овесното брашно, се меша со мед и се разредува со оцет.
Нанесете го производот на исчистено лице, оставете да стои околу 20 минути, а потоа исплакнете со топла вода, нанесете хидратантен крем.