Мажот повторно се вљуби во својата сопруга, откако ја навреди, но го доби одговорот кој го заслужува
Пред да се омажи за Михаил, Надја била прекрасна девојка со витка фигура и негуван надворешен изглед. Иако секогаш се трудела да изгледа совршено после трите породувања, сепак годините го покажале своето влијание.
Надја веќе не била жената во која Михаил лудо се вљубил. За него, годините и времето биле во негова корист, бидејќи тој станал многу поатрактивен, при што сè повеќе добивал внимание од случајните минувачки.
Затоа не било никакво изненадување што во еден момент Михаил започнал да има љубовна афера. Еден ден едноставно решил да признае на неговата сопруга и да го напушти семејството. Почекал децата да излезат од дома и го започнал тешкиот разговор.
Сепак и покрај решителноста, Михаил едноставно не можел да отворено да признае за љубовницата. Нешто одвнатре не му дозволило да ја каже суровата вистина. Можеби тоа се должело на убавите спомени со Надја или фактот, што уште имал чувства кон својата сопруга.
Во текот на разговорот едноставно решил да каже дека ја напушта бидејќи чувствата ми се изладиле и дека решил да започне нов живот. Но, Надја воопшто не била глупава и веќе сфатила дека зад ова се крие нешто друго. Молчела 5 минути, а потоа одлучила да му каже неколк важни работи, пред засекогаш да го изгуби.
„Знаеш ли, сфаќам дека веќе не се грижам за себеси и дека сум го изгубила претходниот привлечен изглед. Годините едноставно ми влијаеле. Толку многу те сакав, што се согласив со тебе да живеав во тешки услови. Пари немавме доволно, а тие работи исто така придонесоа да ја загубам убавината и мојата младост.
Среќна сум што ми подари деца. Не знам дали некоја друга жена ќе те сака толку многу, дали ќе се согласи со тебе во тешките моменти, а не само сега, кога си на врвот на кариерата. На крај сакам да кажам дека сè уште те сакам многу и пак ќе се согласам да живеам со тебе во секакви услови, само да сум до тебе.“- рекла Надја.
За Михаил, зборовите на неговата сопруга дошле како гром од ведро небо и го погодиле директно во срце. Наедна се замислил и сфатил дека останатите жени започнале да се појавуваат во неговиот живот само откако започнал добро да заработува.
Ќе може ли некоја друга да го сака како Надја? Стоел и молчел, а потоа ја погледнал својата сопруга и повторно се вљубил во неа.
„Едноставно сакав да те натерам повторно да мислиш за себеси Надја. А испадна дека те обвинувам. Прости ми. Сè уште те сакам!“- рекол Михаил.
Од овој искрен разговор меѓу парот поминало 1 година, а сега Михаил е многу посреќен и многу почесто патува со сопругата и неретко ја изненадува со букети и подароци, а Надја сега повторно блеска во секоја смисла на зборот.