Мед и сода бикарбона: Зошто жените ширум светот полудеа по овој домашен рецепт?
По заминувањето на зимскиот период, бутовите, нозете и стомакот се покажуваат последиците од уживањето и насладувањето на зимската храна и недостатокот на физичка активност, во форма на целулит.
И покрај тоа што на пазарот постојат бројни козметички производи против целулит, според дерматолозите, постои едно природно лекарство, кое е неверојатно ефикасно и совршено за дамите кои ги обожаваат домашните третмани.
Станува збор за чудесна смеса од две состојки, кои веќе најверојатно ги имате во вашиот дом, а тоа се сода бикарбона и мед.
Домашна смеса за ефикасно отстранување на целулит
Потребни состојки
- 1 супена лажица сода бикарбона
- 1 супена лажица мед
- Малку вода
Начин на подготовка и употреба
Едноставно измешајте ги содата и медот, а потоа додадете малку вода и поставете ја смесата на оган, да се вари. Откако ќе зоврие, варете ја смесата уште дополнителни 2-3 минути, а потоа оставете ја сосема малку да се излади (не целосно).
Така, додека сè уште е топла, нанесете ја смесата врз оние делови од вашето тело каде имате целулит и масирајте околу 3 минути, а потоа измијте со топла вода. При најпроблематичните делови, може да нанесете дополнително и чист мед и така да масирате уште 4-7 минути.
Масажата со медот значително ја подобрува циркулацијата на крвта, при што според експертите, најдобро помага за отстранување на целулитот и несаканите помали вдлабнатини на кожата.