Медена торта со кисело млеко – Брз десерт со фантастичен вкус за 10 гости
Речиси и да не постои некој кој не ја обожава медената торта. Следниот рецепт е наменет за 7 до 10 луѓе, при што садот е потребно да биде со дијаметар од 26 цм. Доколку ги намалите состојките на половина, доволен ќе биде и сад од 20 цм.
Медена торта со кисело млеко
Речиси и да не постои некој кој не ја обожава медената торта. Следниот рецепт е наменет за 7 до 10 луѓе, при што садот е потребно да биде со дијаметар од 26 цм. Доколку ги намалите состојките на половина, доволен ќе биде и сад од 20 цм.
Servings: 10
Ingredients
- 4 шолји од по 250 мл пченично брашно
- 6 супени лажици мед
- 6 јајца
- 2 шолји од по 250 мл шеќер
- 2 шолји од по 250 мл кисело млеко или кисела павлака
- 1 кафена лажица сода бикарбона
- 150 гр путер
- 1 супена лажица оцет
Instructions
- Растопете го путерот на водена пареа. Потоа, додадете го медот и 1 шолја шеќер и добро измешајте ги сите состојки заедно.
- Додадете го оцетот и јајцата во тестото и повторно добро изматете ја смесата.
- Исипете го и брашното и измешајте со миксер. Следно, испечете го паднишпанот.
- Може да употребите силиконски сад со кружна форма. Со лажица распоредете го тестото, истото визуелно разделувајќи го на 8-10 дела. Секој пандишпан печете го 12 минути на температура од 180°C.
- Изматете ја павлаката со 1 шолја шеќер. Со добиениот фил, премачкајте ги пандишпаните и премачкајте ја готовата торта. Доколку сакате да заштедите време, секогаш може да купите готов пандишпан од маркет.