Мусаката е едно од традиционалните јадења во медитеранската кујна и се разликува по нејзиниот уникатен вкус, различен од класичниот на кој сме навикнати. Благодарение на бешамел сосот, таа е толку неодолива, а истовремено сочна и супер заситува!

Медитеранска мусака

Мусаката е едно од традиционалните јадења во медитеранската кујна и се разликува по нејзиниот уникатен вкус, различен од класичниот на кој сме навикнати. Благодарение на бешамел сосот, таа е толку неодолива, а истовремено сочна и супер заситува!
Total Time1 hour
Course: Главно јадење
Cuisine: Медитеранска
Клучни зборови: мусака
Servings: 4

Ingredients

  • 1 кг компири
  • 2 кг модар патлиџан
  • 1,5 кг говедско месо
  • 4 чешниња лук
  • 2 глави кромид
  • 5 домати
  • 2 супени лажици доматно пире
  • 250 гр кашкавал
  • 1 супена лажица оригано
  • 1 кафена лажица цимет
  • По вкус сол и мелен црн пипер
  • 250 мл црвено вино

За бешамел сосот

  • 125 гр путер
  • 7 супени лажици пченично брашно
  • 700 мл пресно млеко
  • 3 јајца
  • 10 гр мелено индиско оревче
  • 1 супена лажица мелен бел пипер

Instructions

  • Исечете ги компирите и модриот патлиџан на парчиња и поставете ги во рерната да се печат 20-30 минути на 160°C.
  • Додека зеленчуците се печат, пригответе го месото. За таа цел испржете ги ситно исечените кромид и лук во зејтин и кон истите додадете го месото. Додадете сол, мелен црн пипер, оригано и цимет. Исечете ги доматите и додадете ги кон месото, заедно со доматното пире и виното.
  • За бешамел сосот, растопете го путерот на слаб оган, додадете го брашното и добро измешајте. Бавно додадете го топлото млеко при непрекинато мешање на смесата додека е на оганот и додека сосот да стане густ. Додадете ги јајцата, индиското оревче и мелениот бел пипер. Добро измешајте ги сите состојки заедно.
  • Подгответе го садот за печење. Премачкајте ги ѕидовите и дното со зејтин и по желба, може да нанесете лебни трошки. Наредете ги слоевите на компир, сосот со месото и модрите патлиџани. Одозгора полејте ја мусаката со бешамел и поставете ја да се пече 20 минути во загреана рерна на 180°C.
  • Извадете, нанесете одозгора рендан кашкавал и вратете ја мусаката да се пече дополнителни 10 минути.