Да прочитавте вакво нешто пред две години, сигурно ќе се прашувавте „кој е луд овде“, но пандемијата навистина го менува светот, па сè што некогаш вредеше, повеќе не вреди …

„Агенцијата за туризам на Малта“ (Малтешкиот туристички одбор) оваа година ќе се обиде да привлече 35 илјади посетители преку иницијативата „стимулации за патниците“, за која се подготвени околу 3 милиони евра. Европската островска земја верува дека попустите ќе ги охрабрат патниците кои патуваат со свој аранжман да резервираат престој во хотели со три, четири или пет sвезди, минимум 3 ноќевања.

Туристите кои престојуваат во хотели со пет sвезди ќе добијат попуст од 100 евра по лице за трошоци за време на нивниот престој. Оние што ќе престојуваат во хотели со четири ѕвезди ќе добијат приближно 70 евра попуст по лице, додека оние кои престојуваат во хотел со три sвезди ќе „заработат“ попуст од 50 евра.

Дополнителен попуст, во висина од 10 проценти, ќе добијат посетителите на хотелите на островот Гозо. Се планира Малта да биде отворена за туристи од 1 Јуни, а се очекува дотогаш да бидат укинати повеќето рестриктивни мерки за КОВИД.

Правилото за влез во  Малта моментално е различно за жителите на различни земји. Сите вие ​​што планирате да го посетите овој медитерански остров треба го следите развојот на ситуацијата.