Мелани Грифит ги остави сите без зборови откако излезе надвор во кратки панталони- Доказ дека ниту ѕвездите не се совршени
Поранешната сопруга на Антонио Бандерас, 62-годишната актерка Мелани Грифит често пати е критикувана поради нејзиниот изглед, а нејзините фанови се едногласни дека некогаш убавата ѕвезда денес е само жртва на лоши пластични операции.
Сепак, повеќето сметаат дека актерката за нејзината возраст има совршена фигура, а како доказ за тоа се фотографиите кои таа самата ги објавува на нејзините социјални мрежи.
Но, неодамна славната дама беше фотографирана недалеку од нејзиниот дом во Лос Анџелес, а многумина останаа без зборови поради изгледот на нејзините нозе. Актерката носеше кратки панталони и сепак не изгледа совршено како на фотографиите кои самата таа ги објавува.