Меланија и Доналд Трамп се на пат кон развод
По претседателството, Доналд Трамп исто така ќе ја изгуби и неговата сопруга, барем така тврдат неколку поранешни блиски соработници до Трамп. Според Стефани Волкоф, сите 15 години, бракот меѓу Меланија и Доналд всушност бил една голема фарса.
„Меланија ја одбројува секоја минута од престојувањето во Белата куќа за да може да се разведе. Таа порано не сакаше да се разведе, бидејќи се плашеше дека Доналд ќе предизвика штета на нејзината сметка.“ – вели Волкоф.
50-годишната Меланија за медиумите отсекогаш тврдеше дека е во одлични односи со нејзиниот 74-годишен сопруг и дека речиси никогаш не се расправале во текот на сите години. Доколку парот би се развел, половина од богатството на Трамп ќе го добие Барон, како што се договориле во предбрачниот договор.