Менструални чашки: да или не?
Во последно време ги гледаме насекаде, сте слушнале ли за менструални чашки?
Што е менструална чашка?
Менструалната чашка е вид на производ за женска хигиена што може да се користи повеќекратно. Тоа е мала, флексибилна чашка во форма на инка, изработена од гума или силикон, која ги заменива тампоните и влошките. Чашката можат да соберат повеќе крв отколку другите методи, што наведува многу жени да ги користат како еколошка алтернатива. Во зависност од протокот, може да се носи и до 12 часа.
Доаѓа во 2 величини – за жени кои немаат родено и/или имаат под 30 години и оние кои имаат родено и/или се постари од 30 години.
Лесни чекори за користење на менструалната чашка:
- Темелно измијте ги рацете.
- Нанесете вода или лубрикант на база на вода на работ на чашката.
- Цврсто преклопете ја менструалната чашка на половина, држејќи ја во едната рака со работ свртен нагоре.
- Вметнете ја како што би направиле со тампон. Треба да седне неколку сантиметри под грлото на матката.
- Штом чашката е во вагината, ротирајте ја.
- Се отвора и го спречува протокот.
Чашката е доста поскапа, но долгорочно се заштедува затоа што можете да ја користите и до 10 години, а секако вреди да го споменеме и еколошкиот импакт кој влошките и тампоните го имаат врз околината, не само при производство, туку и одпадот кој го создаваат. Некои жени сепат тврдат дека им е непријатна мислата за користење на оваа чашка, како и дека имаат потешкотии при инсертацијата.