Места кои мора да се посетат барем еднаш во животот
Животот е краток. Постојат работи кои можеме да пропуштиме да ги видиме, почувствуваме или направиме, но има и такви за кои треба да направиме напор и да ги посетиме. Еве мал пример за места кои треба да ги посетиме.
Да леташ со балон над Кападокија
Да се издигнеш над 50-метарски конуси и назабени карпести врвови, обоени во розова, крем, на места дури црвени, е искуство кое вреди.
Да славиш Нова година во Сиднеј
Секоја година над милион локални жители и туристи го набљудуваат 12-минутниот спектакл над пристаништето во Сиднеј.
Да пиеш џин, додека го преминуваш Ламанш
Што друго ако не џин? Тој е создаден како лек за бубрези во Холандија уште во XVII век. Прво се продавал само како лек во аптеките, но сега може да си го нарачате во секој паб или модерен бар, вклучувајќи и на ферибот, со кој се преминува Ламанш.
Да ја видиш Северната светлина
Сон на секој синоптик. Но за остварување не е потребен само билет до скандинавските земји, туку и среќа, бидејќи Северната светлина е циклична и кулминира на секоја 10-11 година.
Да спиеш во бунгалов во Бора Бора
Cитен бел песок, палмини градини и транспарентни тиркизни води – како пејзаж од разгледница. Неслучајно го нарекуваат островот на соништата и Рајот на земјата.
Да вечераш на -5 и да се грееш во сауна во Финска
Да вечерате на -5 степени со капа и ракавици, дефинитивно е искуство кое треба да се доживее.
Да не влезете во сауна, додека сте во Финска, тоа веќе е чиста срамота. Постојат на секој чекор – вкупно 1,7 милиони на 5,1 милиони жители. Горе-долу по една на секој тројца.
Да нуркаш во Големиот корален гребен
Близу 350 000 квадратни километри убавина формирана во текот на 10 000 години. Големиот корален гребен крај североисточните брегови на Австралија во корално Море е образуван од 400 видови корали со форма на печурки, еленски рогови, камшици, обоена во сите бои на виножитото, и е собиралиште за 15 000 видови риби и заштитени видови – делфини, китови и џиновски морски желки. Нуркањето со професионалци е релативно безбедно покрај изобилството ајкули и отровни тропски змии.
Да одиш до Петра
Праисториските остатоци покажуваат дека тука имало живот уште 1000 година п.н.е.. Откриен е во 1812 година од швајцарскиот истражувач Јохан Лудвиг Буркхарт. Древниот град е во денешен Јордан. Оние кои не сакаат да одат долго време, може да земат камила или количка влечена од мазги.
Да се капиш во Памуккале
Памуккале „памучно кале“, е природно место што го создала природата во покраината Денизли во југозападниот дел на Турција. Местото содржи топли извори и травертини – тераси од карбонатни минерали направени од проточната вода. Се наоѓа во внатрешниот дел на Турција на Егејско Море, покрај долината на реката Мендерес, која има умерена клима во поголемиот дел од годината.
Да се качиш на терасата на најскапиот хотел во Сингапур
На терасата има 150-метарски базен. Пливањето во него не е препорачливо за луѓе со фобија од височина, бидејќи ако погледнете од работ, ќе видите 200 -метарската провалија под вас. Но ако го кренете погледот кон хоризонтот, чувството е дека го гледате целиот свет, велат посетителите.