Мезотерапија: Ефикасен метод со кој ќе им кажете збогум на целулитот и мастите, а со тоа ќе заблескате на плажата ова лето
Мезотерапијата е техника која користи инјекции од витамини, ензими, хормони и растителни екстракти за обновување и затегнување на кожата, како и отстранување на вишокот на маснотии. Мишел Пистор, доктор во Франција, ја развил техниката во 1952 година. Таа првично била користена за ублажување на болката. Во годините откако се појавила, таа добила на популарност во САД и во други делови на светот, а денес можете да ја најдете во дерматолошко естетсската ординација Др Анчевски.
Денес, мезотерапијата се користи за:
- отстранување на мастите во области како што се стомакот, бутовите, задникот, колковите, нозете, рацете и лицето
- намалување на целулитот
- избледување на брчки и линии
- затегнување на опуштената кожа
- реконтурирање на телото
- осветлување на пигментирана кожа
Оваа техника користи многу фини игли за да достави серија инјекции во средниот слој (мезодермот) на кожата. Идејата зад мезотерапијата е тоа што ги корегира основните проблеми како што се слаба циркулација и воспаление кои предизвикуваат оштетување на кожата.
Не постои стандардна формула за супстанциите кои се инјектирани во мезотерапијата. Дерматолозите користат многу различни решенија, вклучувајќи:
- лекови на рецепт како вазодилататори и антибиотици
- хормони како калцитонин и тироксин
- ензими како колагеназа и хијалуронидаза
- билни екстракти
- витамини и минерали
Како да се подготвиме?
Првин ќе закажете состанок со дерматологот за да знаете што да очекувате. Можеби ќе треба да избегнувате аспирин и други нестероидни антиинфламаторни лекови една недела пред процедурата. Овие олеснувачи на болка можат да го зголемат ризикот од крварење и модринки за време на мезотерапијата.
Што се случува за време на вашиот третман?
Ќе добиете серија инјекции со специјална кратка игла. Иглата може да биде прицврстена на механички пиштол за да достави многу инјекции по ред. Инјекциите можат да се даваат на различни длабочини – од 1 до 4 милиметри во вашата кожа – во зависност од тоа која состојба ја третирате. Секоја инјекција може само да става мала капка раствор во вашата кожа.
Најверојатно ќе треба неколку сесии со мезотерапија за да го добиете посакуваниот ефект. Треба да очекувате да се вратите кај дерматологот помеѓу 3 до 15 пати. Отпрвин, ќе ги добивате инјекциите на секои 7 до 10 дена. Ако вашата кожа почнува да се подобрува, третманите ќе бидат продолжени еднаш на секои две недели или еднаш месечно.
Дали е слично со липосукција?
Мезотерапијата се смета за нехируршка алтернатива на липосукцијата за отстранување на несаканите масти.
Липосукцијата трајно ги отстранува мастите од области како што се стомакот, бутовите и грбот. Козметичките хирурзи ја изведуваат оваа процедура со вметнување на тенка пластична цевка низ мали засеци во вашата кожа, а потоа ги вадат маснотиите со хируршки вакум. Липосукцијата се прави додека сте под анестезија.
Иако липосукцијата се смета за ефикасна при трајно отстранување на маснотиите, заздравувањето може да потрае до шест недели. Исто така, има ризици како оштетување на нервите и крвните садови, неправилни контури на кожата, изгореници и инфекции. А исто така треба да се напомене дека е прилично поскапа.
Мезотерапијата не е толку инвазивна процедура како липосукција. Нема засеци, поевтина е, а и можете да се вратите на секојдневните обврски веднаш по третманот.
Значи што заклучивме?
Мезотерапија е ветувачки третман за отстранување на несаканите маснотии и оформување на телото. Сепак оваа процедура вклучува инјектирање на различни суптсанции и затоа најдобро е да ја извршите оваа процедура во дерматолошки ординации со реноме и професионален тим.
Тимот во Др Анчевски ќе ви овозможи ефективен и безбеден третман со професионален пристап и на овој начин ќе го имате посакуваното тело за оваа лето и ќе зрачите со самодоверба. Закажете си состанок и препуштете се во сигурни раце.