Течноста за уста е најдобриот метод да се отстрани забниот камен, кој истовремено помага во елиминирањето и на бактериите и во ефикасното одржување на целокупната орална хигиена.

Денес ви откриваме едноставен рецепт за домашна течност за уста, која се состои само природни состојки, а благодарение на која ќе се ослободите од лошиот здив, бактериите и ќе го спречите формирањето на кариес.

Домашна течност за уста против забен камен и лош здив

Потребни состојки

  • 1 супена лажица сода бикарбона
  • Половина шолја хидроген 3%
  • Половина кафена лажица сол
  • Половина шолја топла вода
  • 1 шолја студена вода

Начин на подготовка и употреба

Измешајте ја содата со солта. Следно, потопете ја четката за заби во топла вода, а потоа и во добиената смеса и така добро истријте ги забите со истата.

Следно, измешајте го хидрогенот со топла вода и со добиениот раствор, исплакнете ја вашата уста. Овој чекор трае 1 минута.

Овој домашен третман може да го практикувате најмногу 2 пати неделно и најважно, никогаш не ја голтајте течноста.