Милијардер воодушеви стотици студенти со хуман гест кој ќе им ги промени животите
Овациите беа бескрајни кога 56-годишниот Роберт Ф. Смит им го откри своето изненадување на дипломираните студенти на колеџот Морхаус, во Атланта, САД.
Во Неделата, Роберт Ф. Смит, на колеџот Морхаус, во Атланта, беше поканет како почестен гостин. 56-годишниот поранешен хемиски инженер и инвестициски банкар, кој според списанието Форбс е рангиран како 136-от по ред најбогат човек во Америка, одлучи да направи нешто неверојатно.
Како еден од најбогатите луѓе во Америка, Смит се заколна дека ќе ги исплати долговите на скоро 400 дипломирани студенти, при што се проценува дека ќе плати 38 милиони евра за да ги покрие студентските долгови.
„Во името на осум генерации од моето семејство кои оставија белег во оваа земја, сакам да додадам малку гориво на вашиот автобус.“- рече Роберт на студентите од малиот приватен колеџ по уметност и наука, наменет за студентите од црната раса.
„Ова е генерацијата на 2019-та година. А јас сум почестен да ви соопштам дека јас и моето семејство одлучивме да ги исплатиме вашите студентски долгови. Знам дека ова ќе го искористите најдобро што можете и ќе продолжите успешно да чекорите по својот пат“- гордо го продолжи својот говор милијардерот.
Неверојатниот гест на Роберт беше опсипан со долготрајна овација од студентите кои станаа и се погледнуваа едни во други, неверувајќи што им се случи.
Милијардерот веќе донирал 1.5 милиони евра за развојот на колеџот. А студентите изјавија дека се чувствуваат благословени и без зборови.
„Тој е најхуманиот и најдобар човек што некогаш сме го сретнале“- изјавија дел од нив.