„Мислев дека повкусни од компировите ќофтиња нема, но откако ги пробав овие, се воодушевив!“
Ќофтињата со кромид се многу брзи и лесни за приготвување, а притоа неверојатно вкусни. Подгответе им ги на вашите најблиски без да им ги кажувате состојките и почекајте го нивното воодушевуање!
Еве како да ги приготвите.
Вкусни ќофтиња од кромид
Потребни состојки
- 400 гр кромид
- 100 гр моркови
- 50 гр зелен лук
- 3 чешниња лук
- 30 гр кашкавал
- 4 супени лажици пченично брашно
- 2 јајца
- Половина кафена лажица мелен црвен пипер
- Половина кафена лажица оригано
- Сол и мелен црн пипер по ваш вкус
Начин на подготовка
Исечете го излупениот кромид во најситна форма или сомелете го. Ситно изрендајте ги излупените моркови и додадете ги во садот со кромидот. Кон нив додадете ги и сомелените видови на лук.
Кон добиената смеса, додадете ги јајцата, изренданиот кашкавал, брашното, зачините и солта и добро измешајте ги сите состојки заедно. Следно, употребувајќи лажица, одделете мали количини од добиената смеса и поставете ги во тава со претходно загреано масло, за да истите се пржат. Пржете ги ќофтињата по 2-3 минути од секоја страна.
Пријатен апетит!