Млад маж се вљуби во оваа девојка преку Интернет и закажа свадба, но сè се промени откако ја запозна во живо
Младиот Џозеф живее во Индонезија и својата среќа во љубовта реши да ја побара на Интернет. На една од страните за запознавање, тој сретна девојка во која веднаш се вљуби на прв поглед, токму поради нејзината неверојатна убавина. Таа е од Тајван и парот веднаш пронајде заеднички јазик.
Бидејќи нивната комуникација се претвори во секојдневна навика, Џозеф уште толку повеќе се вљуби во девојката, која пак, секој ден се трудеше на нејзиното момче да му испрати свои фотографии. Но, во секој случај, младата девојка одбиваше со Џозеф да се види на видео, за што тој помисли дека најверојатно е само срамежлива.
Откако помина долго време, Џозеф веќе губеше трпение и сакаше што побрзо да започне да живее со неговата избраничка. Тој започна да планира свадба, но воедно беше предупреден и од неговата мајка да не брза толку и прво да ја запознае девојката во живо.
Младото момче потроши и голема сума на пари за да организира мала венчавка, а беше договорен со девојката да се сретне токму на големиот ден. Но, кога таа се појави, всушност пред него не стоеше млада девојка, туку повозрасна жена, која користејќи ги компјутерските алатки ги обработувала фотографиите за да изгледа многу помладо.
Се подразбира, свадбата веднаш беше откажана, а измамничката се врати на Тајван, оставајќи го Џозеф со скршено срце.