Младата мајка не можеше да разбере зошто сопругот сака да се разведе, се додека не ја здогледа тетратката на нивниот син
Малкумина може да се пофалат со среќен и хармоничен брак. Со текот на годините, љубовта исчезнува, партнерите стануваат странци, а убавите спомени на почетокот само го продлабочуваат разочарувањето.
Колку и чудно да звучи, но тајната за среќен семеен живот се крие во наједоставните мали работи.
За жал, повеќето ова го сфаќаат кога веќе е доцна, како што е и случајот со Хелен, главниот лик во нашата денешна приказна.
Младата жена паднала во очај, кога дознала дека нејзиниот сопруг Џон сака да стави крај на нивниот брак. Едноставно не можела да разбере зошто тој го прави тоа, кога бракот, според неа, им бил навистина совршен и хармоничен. Ретко се расправале и живееле навидум убаво.
Нејзиниот сопруг секогаш си доаѓал дома навреме, никогаш не го криел неговиот телефон и секогаш добро се однесувал со Хелен.
Жената се почувствувала несреќно и не престанала да се прашува, што е тоа со кое погрешила? Куќата секогаш била чиста, а нивните деца биле добро воспитани. Самата таа секогаш изгледала беспрекорно и постојано го негувала нејзиниот изглед. Изгледала неверојатно, вежбала и често ги посетувала козметичките салони.
За да не мисли на проблемите, Хелен решила да ја исчисти куќата, при што кога завршила со чистењето на детската соба, во еден момент ја здогледала тетратката на нејзиниот син. Бидејќи токму со тој предмет синот имал потешкотии, Хелен едноставно сакала да го погледне материјалот.
Но, уште на самиот почеток на тетратката стоел наслов „Моето семејство“. Нејзиниот 10-годишен син напишал состав за односите меѓу неговите родители и како сето тоа изгледало во негови очи.
„Мајка ми и татко ми не разговараат многу. Одамна не сум ги видел да излезат некаде заедно. Не патуваме и речиси никогаш не излегуваме сите тројца заедно. Ги сакам многу родителите и сакам да сме едно среќно семејство. Но, ми се чини дека возрасните работат многу и на крај забораваат зошто се заедно.“- напишал синот.
Напишаното било вистинско изненадување за Хелен. Едноставните зборови на нејзиниот син ја погодиле директно во срце и сфатила дека тоа е вистинската реалност. Последните 3-4 години, таа постојано била зафатена со обврски, пријателки, фитнес и третмани, а го заборавила сопругот.
Започнала да размислува зошто некому би му била потребна прекрасна сопруга, кога со истата не би можел да комуницира?
Откако ги сфатила грешките, решила целосно да се промени. Кога Џон се вратил од работа, на маса го чекала топла вечера, а откако јаделе, Хелен предложила да гледаат заедно некоја романтична комедија. Парот поминал прекрасна вечер и се потсетил колку е убаво да се ужива во друштво на саканиот, со што повторно си дале шанса еден на друг.