Младоженецот ја очекувал неговата сакана за да ја види за прв пат во бело, но таа му испратила „мало“ изненадување
По 5-годишна врска Хајди и Вал Жеревјев решиле да се венчаат. Младенците договориле фотосесија и фотографот требал да го фати на камера првиот момент кога младоженецот ќе ја види невестата во бело. Но, Хајди решила малку да се пошегува со нејзиниот иден сопруг и го убедила нејзиниот брат Ерик да ја облече венчаницата наместо неа. Таа сакала да го насмее Вал бидејќи бил многу нервозен и возбуден. Фотографот сепак го фатил овој смешен момент, кој требало да биде романтичен, а реакцијата на младоженецот е бесценета. Погледнете како се одвивала приказната.