Младоженецот на свадбата изјави дека сака и друга, а еве како реагираше невестата
Џеферсон и Џесика се пар од Португалија, кој е многу вљубен, при што и нивниот свадбен ден бил исполнет со неверојатна хармонија. Но, она што предизвикало вистински бран од солзи била постапката на младоженецот.
Односно, неговото изјавување љубов ги оставила сите без зборови, но не било наменто за невестата, туку за нејзината 8-годишна ќерка. Иако вообичаено свадбите се ден при кој во центарот на вниманието се младожениците, на свадбениот ден на Џеферсон и Џесика, вниманието било насочено и кон младата специјална дама.
По читањето на заветите кои ги напишал за Џесика, Џеферсон се обратил кон 8-годишната Џована, односно тој сака сите да знаат дека заветите биле насочени и кон малото девојче.
Младоженецот клекна на колена пред девојчето и сакајќи да покаже колку е таа посебна за него, ги изговори следните зборови: „Кога Господ би ми го дал правото да посакам нешто да имам, тогаш би посакал да те имам за ќерка. Ќе бидам најгордиот татко на светот, ако би можел да имам толку прекрасна и толку интелигентна ќерка како тебе.“
Неговите срцезатоплувачки зборови веднаш предизвикаа солзи кај девојчето, а откако Џеферсон ја смири, го изјави следното: „Затоа ти ја давам мојата љубов и ти ветувам дека ќе се грижам за тебе секогаш и никогаш нема да дозволам да ти се случи нешто лошо.“
По емотивната изјава, малата Џована го зеде микрофонот и преку солзи изјави колку е радосна што го има Џеферсон за татко.
На целата среќа, камерманот успеал да ја сними секоја секунда од прекрасниот момент: